Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Конститутивна седница на Локалниот младински совет на Општина Илинден

Локалниот младински совет на Општина Илинден одржа конститутивна седница во Домот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалниот младински совет на Општина Илинден одржа конститутивна седница во Домот на култура „Илинден“, со што, како што информира Општината, се создаваат услови за продолжување и унапредување на активностите насочени кон младите и нивното активно вклучување во локалните процеси на одлучување.

Градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, на членовите на Советот им посака успешна работа, плодна соработка и успешно реализирање на планираните активности и проекти во интерес на младите од општината.

-Општина Илинден континуирано ја препознава важноста на младите како значаен двигател на општествениот развој, поради што посебно внимание посветува на создавањето можности за нивно активно учество во креирањето на локалните младински политики, кои може да придонесат за поквалитетен живот во локалната заедница, истакна Георгиевски.

Реклама

Како што посочува Општината, Локалниот младински совет претставува важен механизам за иницирање активности и проекти во сите општествени области, како и во создавањето услови за личен и професионален развој на младите.

-Општина Илинден останува посветена на поддршката на младите, унапредувањето на младинскиот сектор и градењето општина во која нивните идеи и потенцијали ќе добијат можност да се преточат во конкретни иницијативи и активности во интерес на целата заедница, соопшти Општина Илинден.