Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Конкурси за најголема калинка и за најдобар рецепт од калинки во пресрет на вториот „Фестивал на калинката” во Валандово

Со повеќе активности, конкурси и јавни повици, Здружението за локален рурален развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повеќе активности, конкурси и јавни повици, Здружението за локален рурален развој „Валандер” од Валандово го најави второто издание на „Фестивал на калинката” кое треба да се одржи на 17 овој месец.

Од Здружението информираат дека во тек е огласот за пријавување на натпревар во приготвување производ од калинка, за кој, како што велат, може да се пријават сите креативни граѓани и да  го покажат својот кулинарски рецепт и идеја, а за најдобрите е предвидена награда. До 15 октомври ќе трае и конкурсот за избор на најголема и најубава калинка, на кој за учество се повикуваат валандовските одгледувачи на калинки. 

Во рамки на фестивалот, градската библиотека “Гоце Делчев” организираше конкурс за основците и средношколците, како и за сите заинтересирани граѓани од било која возраст кои сакаат да учествуваат со своја песна, цртеж или рачна изработка на тема “Калинката – бисери скриени во црвена круна”. Според најавите од библиотеката за најдобрите творби наградите ќе бидат доделени во текот на месецот на книгата, односно од 15 октомври до 15 ноември.