Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“

Конкурс за избор на невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конкурс за избор на невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“ објави денеска Месната заедница Галичник. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 19 февруари, а одлуката ќе биде соопштена во март 2026. 

Заинтересираните парови треба да се пријават на е-адресата [email protected], со назнака: „За избор на зет и невеста – Галичка свадба 2026“. Во пријавата треба накратко ќе ја споделат својата приказна и мотивација.

Месната заедница Галичник соопшти дека при изборот предност ќе имаат брачни двојки со потекло од Галичник (двајцата или еден од партнерите), тие што претходно биле дел од Галичката свадба во друга улога, што се активни и ангажирани во месната заедница и оние на кои венчавката во Галичник ќе им биде прв црковен брак.

Реклама

-Ги покануваме сите заинтересирани парови кои сакаат својата љубов да ја крунисаат со венчавка во Галичник на Петровден и да дадат завет пред Бога и традицијата да се пријават на конкурсот за избор на невеста и зет за 2026 година. Ги охрабруваме сите парови што со почит, искреност и љубов ја чувствуваат оваа традиција да станат дел од една од најзначајните културни манифестации во Македонија. Галичката свадба не е само настан, таа е живо културно наследство, завет и спомен што се пренесува со генерации. И во 2026 година, во петровденскиот викенд, Галичник повторно ќе заживее со свадбени поворки, песна, ора, бајрак и свечено руво, славејќи ја љубовта преку вековните обичаи, соопшти Месната заедница Галичник.