Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Конференција за ефикасност и независност на судството

Со цел унапредување на судските реформи и приближување кон европските стандарди, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел унапредување на судските реформи и приближување кон европските стандарди, денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Зајакнување на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“.

Фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за подобрување на транспарентноста, дигиталната модернизација и оптимизацијата на судската мрежа, како дел од Секторската развојна стратегија за правосудството 2024–2028.

Конференцијата ќе почне со воведни обраќања на амбасадорот на ЕУ во државава, Михалис Рокас, претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и министерот за правда, Игор Филков. 

Реклама

По воведните излагања ќе бидат презентирани проектни резултати од Извештајот за спроведување на Стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа и Патоказот за подобрено функционирање на судството.