Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Конечно Македонија има добра дипломатија: Претходната власт не сакаше да ја користи ниту придавката „македонски“

Посети, средби со влијателни личности, лобирање за евроинтеграциите – конечно нашата дипломатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посети, средби со влијателни личности, лобирање за евроинтеграциите – конечно нашата дипломатија работи на начин како што треба со цел заштита на националните интереси. Според познавачите дипломатската офанзива на Владата вродува со плод и  Македонија се позиционира поразлично од претходно на глобалната сцена. 

-Нас претходните две Влади практично ни ги урнисаа преговарачките столбови и позиции што ги имавме во нашите преговори со Грција прво, па потоа и со Бугарија и не доведоа во една ситуација на средновековие, на едно темно време за македонската дипломатија, која мораше да биде снисходлива и да напредува преку отсапки, отсапки и отсапки, изјави Дабиќ.

Во минатите седум години, со цел задоволување на барањата на соседите, Македонија го промени името на државата, а властите ги прифатија и сите барања на Бугарија. Доказ за понизноста, според Дабиќ, кој беше прв човек на дипломатскиот синдикат е што во 2019-та, кога се формирала синдикалната организација добиле совет да не ја користат придавката македонски.

Реклама

-Мене тогаш ми приоѓа шефот на кабинет на тогашниот министер Никола Димитров и ми дава така добронамерен совет, да размислиме да го смениме името и јас викам зошто, тој ми рече па да не ги лутиме нашите грчки пријатели. Сфаќате до кое ниво дојде таа самоцензура, да дури и таму каде што можеме да ја користиме придавката македонски, нашата дипломатија, врвот на дипломатијата ја принуди својата дипломатија да се однесува навистина субмисивно, изјави Дабиќ.

Дабиќ смета дека пред македонската дипломатија е пеколно тешка задача, бидејќи минативе години целосно биле срушени македонските позиции во преговорите со соседните држави.

-Тие преговори без оглед што во моментов ги нема, тие се почнат и тие траат со прекини нели додека се формира ваму Влада, додека се создадат услови. И многу е тешко кога вие сте дошле до една позиција да ја вратите назад, тоа е она што нас ни се случува, тоа е пет пати потешко него да отидете еден чекор погоре, изјави Дабиќ.

Според познавачите поради погрешниот пристап и прифатените отстапки минативе три децении Македонија се доведе во оваа позиција на европскиот пат, односно поради уцени од соседните држави сме блокирани на патот кон Европската унија.

Матеја Петровски