Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Комисијата за одбрана не се произнесе по Предлог-законот за формирање служба за заштита на критичната цивилна инфраструктура

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска го разгледа но не зазеде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска го разгледа но не зазеде став по Предлог-законот за заштита на критичната цивилна инфраструктура, поднесен од пратениците на Левица, со кој се предлага формирање посебна служба во рамки на Министерството за одбрана задолжена за заштита на виталните државни системи и објекти.

Образложувајќи го законското решение, пратеникот Реџеп Исмаил рече дека иницијативата произлегува од два долгогодишни проблеми – недоволната заштита на критичната инфраструктура и нерешениот статус на професионалните војници.

-Едниот е недоволната заштита на критичната цивилна инфраструктура којашто во државата постои или е во најголем дел заштитена преку комерцијални договори со приватни обезбедувања што сметаме дека е недоволна јавна одговорност за овие критични системи, затоа што се објекти и системи од коишто зависи секојдневното живеење на народот во Република Македонија, како водоснабдителни системи и така натаму. Другиот проблем којшто се воочува е она долгогодишно барање на синдикатот на Армијата, којшто има нерешен статут на војниците кои навршуваат 45 години- истакна Исмаил.

Реклама

Според него, голем дел од критичната инфраструктура во државата во моментов се обезбедува преку договори со приватни компании за обезбедување, што, како што оцени, не обезбедува доволна јавна одговорност за системите од кои зависи секојдневното функционирање на државата и граѓаните.

Предлогот предвидува формирање Служба за заштита на критичната цивилна инфраструктура во рамки на Министерството за одбрана, која би го презела обезбедувањето на стратешките објекти и системи, а нејзиното јадро би го сочинувале професионални војници кои ќе наполнат 45 години и ќе го завршат активниот воен ангажман.

Во расправата, пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски оцени дека земјава има потреба од закон за критична инфраструктура, особено поради растечките сајбер и хибридни закани, но предупреди дека е неопходно внимателно да се дефинира што ќе биде опфатено со поимот критична инфраструктура.

Тој посочи дека искуствата од земјите во регионот покажале дека преширокото дефинирање на критичната инфраструктура може да создаде проблеми во практичната примена на законот и повика Министерството за одбрана, стручната и научната јавност активно да се вклучат во изработката на законското решение.

Спасовски изрази резерви во делот на предлогот што се однесува на формирање служба во рамки на Министерството за одбрана со надлежности во обезбедувањето на критичната инфраструктура, посочувајќи дека тоа би барало пошироки законски измени и прецизно разграничување на надлежностите со останатите безбедносни институции.

Претседателот на Комисијата Павле Арсовски од ЗНАМ ја поздрави иницијативата, оценувајќи дека станува збор за област која досега не била системски уредена, но истакна дека темата е исклучително комплексна и бара поширока координација на институциите.

Тој оцени дека законското решение има добра основа, но оти ќе биде потребна дополнителна разработка, јавни расправи и стручни анализи за да се обезбеди неговата практична применливост.

Според образложението на Предлог-законот, во земјава во моментов не постои единствен и координиран правен систем за заштита на критичната цивилна инфраструктура. Критичната цивилна инфраструктура ги опфаќа системите и објектите што обезбедуваат електрична енергија, вода, здравствени услуги, транспорт, комуникации, храна, финансиски и дигитални услуги, чие непречено функционирање е од суштинско значење за безбедноста, здравјето и економската стабилност на граѓаните.

Предлог – законот ќе оди на пленарна седница со констатација дека матичната собраниска комисија не зазела став по него.