Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти доби зелено светло од собраниската Комисија за надворешна политика по што денеска се очекува да се најде на дневен ред на 52. пленарна седница. Предлог-законот беше поддржан со 10 гласа „за“ и ниту еден глас „против“.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот договор ќе овозможи економски развој на државата затоа што на располагање се ставаат пет милијарди фунти што е голема инјекција за економијата, а спроведувањето ќе биде контролирано.

– Имаме можност да допреме до пет милијарди фунти што е голем придонес во однос на состојбата што ја затекнавме. Не треба да бидеме скептични, Ова ќе придонесе за економскиот развој на државата. Ова е многу голема инекција и ветува развој. Има многу можности и ќе има контрола, што секако е добро. Убедена сум дека македонската страна ќе направи се, оваа британска поддршка да се реализира и ќе се следи работата. Ова не се приватни зделки и лични интереси, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

Реклама

Забелешката на опозицијата е дека не се работи за договор, туку за меморандум за соработка во кој се изразуваат намери на соработка.

– Содржината е коректна од аспект на меморандум, но формата меморандум да се прикаже како договор прави преседан во одлуките што ги носи Собранието и во иднина може да предизвика вакви меморадуми да бидат претставувани како договори, рече Димитар Ковачевски од СДСМ.

Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти во транспортот, здравството, енергетиката и други критични сектори во земјава. Договорот беше потпишан на 22 мај во Лондон, а претходно помина на владина седница на 20 мај. Потпишувањето на документот следуваше по постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски што беше објавен на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница.

Од Владата најавија дека договорот ќе биде јавно достапен и дека се ќе биде транспарентно.