Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги даде на натамошно читање измените и дополнувањата на Кривичниот законик

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и го даде на натамошно читање.

Измените, како што изјави претседателот на Комисијата и еден од подносителите, Љупчо Пренџов, се на барање на Уставниот суд нагласувајќи дека паралелно Министерството за правда работи на нов кривичен законик, а некои од измените се однесуваат за потребите на „Безбеден град“ да функционира.

– Целото неодговорно возење ќе се казнува и кривично, ќе има одземање возачки дозволи и поригорозни казни во врска со сообраќајот во главниот град – појасни Пренџов нагласувајќи дека има точни критериуми за утврдување на казните при безобзирно управување со моторно возило.

Реклама

Пренџов истакна дека се заострува казнената политика и за злоупотребата на службената положба со додавање нов став 5, кој, како што рече, ги инкриминира и злоупотребите од јавните набавки. 

– Важно е јавните набавки да бидат ставени во еден ред затоа што трошењето преку јавните набавки практично е трошење на народните пари, на јавните пари, а тоа мора да биде ставено во согласност со законот. Во несовесно работење во службата се додава нов елемент, користољубие, кој се инкорпорира и е последица на кривично дело и тоа исто така го предвидува ова законско решение и за злосторничко здружување се заострува казнената политика во членот 394 – рече Пренџов. 

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од подносителите, појасни дека измените се на укажување на Уставниот суд и оти ако не се направат, ќе настане правна празнина, односно над 200 предмети што се гонат по тој член ќе бидат амнестирани. 

– Затоа ние одлучивме како преодно решение до донесување на новиот кривичен законик да поднесеме кривичен законик што треба да ги бајпасира овие што се судат врз основа на овој член да не одат на улица. Премисата на нашето политичко функционирање е „криминалците во затвор, не на улица“, рече Стојановски.

Пратеничката Соња Мираковска од НСДП нагласи дека ќе ги поддржат измените, но побара јавна расправа, на која ќе присуствуваат експерти од областа.

– Некои од измените што се предлагаат во Кривичниот закон и по мислење на експертската јавност се прилично чудни, не се враќа состојбата пред 2023 година. Има модифицирани решенија, кои предизвикуваат многу нејасности и мислење кај експертската јавност дека тоа нема да го засили владеењето на правото. Но, исклучително е важно да го слушнеме мислењето на експертската јавност – рече Мираковска.

За пратеникот Беким Ќоку од коалицијата „Влен“, измените се потреба наметната од Уставниот суд за, како што посочи, да се поправи штетата во Кривичниот законик од 2023 година. 

– Правиме итна корекција на грешките од септември 2023 година. Тие измени беа отфрлени од Европската комисија, Амбасадата на САД, кои истакнаа дека инвестирале 500 милиони долари во судството и не гледаме резултати – рече Ќоку.