Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денеска остварил одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодарил за поддршката од Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол за македонските контингенти во мисијата КФОР на Косово и мултинационалните сили на Алијансата на источното крило, притоа истакнувајќи дека државата е кредибилен сојузник и активен придонесувач во зацврстувањето на безбедноста на НАТО, информира Министерството за одбрана. 

– Посветени сме на зацврстувањето на регионалната сигурност, како и на колективната безбедност на Алијансата, а доказ за тоа е континуираниот придонес на македонските војници во мисијата на НАТО во Косово, КФОР и мултинационалните сили на Алијансата на источното крило –  рекол министерот Мисјаловски.

Реклама

Министерот се осврнал и на воената мобилност, при што истакнал дека државата вложува во развојот на Коридорот 8, како клучен коридор во поврзувањето на Црното со Јадранското Море.

– На средбата со генералот Лафчиски се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, информира МО.

Генералот Лафчиски ја истакнал посветеноста на Армијата во одржување на високото ниво на подготвеност и професионалност, како и активниот придонес кој Армијата го дава во рамки на мировните мисии КФОР и АЛТЕА, и НАТО активноста „Forward Land Forces“.

Адмиралот Викоф, пак, ја поздравил професионалноста и придонесот на Армијата и Министерството за одбрана во рамките на НАТО, изразувајќи поддршка за понатамошно продлабочување на партнерството и соработката со Алијансата.

– На денешните средби беше истакната важноста од заеднички и координиран пристап во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, се вели во соопштението. 

Во рамки на посетата адмиралот Викоф ќе биде примен и од претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова.