Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Колефски: Утре во Пустец официјално ќе го означиме почетокот на туристичката сезона, добредојдени се сите

Во организација на општината, со низа активности, утре, на главниот плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец ќе биде означен  почетокот на туристичката сезона, по кој повод градоначалникот, Пали Колефски упати јавна покана за присуство на свеченото отворање, што ќе се одржи, како што наведува во прекрасна атмосфера. – Преспа, прекрасно место, преполно со природни убавини, културно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на општината, со низа активности, утре, на главниот плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец ќе биде означен  почетокот на туристичката сезона, по кој повод градоначалникот, Пали Колефски упати јавна покана за присуство на свеченото отворање, што ќе се одржи, како што наведува во прекрасна атмосфера.

– Преспа, прекрасно место, преполно со природни убавини, културно историски споменици, уникатна историја, Преспанското Езеро, како посебно богатство, топол и срдечен дочек на жителите, ќе направи да се чувствувате како дома. Преспа не е обична дестинација, дојдете и откријте ја сами магијата на ова место. Дојдете да го означиме заедно почетокот на една нова сезона полна со можности и природни убавини. Добредојдени сте сите, порачува Колефски.

Традиционално, преку фотоалбуми ќе бидат презентирани природните убавини, културните богатства, традиции и обичаи а македонските традиционални јадења ќе може да се вкусат.

Реклама

-Повеќе ресторани и производители на храна ќе имаат штандови со свои производи и услуги. Ќе има и богата културно-уметничка програма од локалните културно-уметнички друштва и групи. Очекуваме да присуствуваат гости од повеќе градови од Албанија и од Македонија, нагласи Колефски.

Со вложените инвестици во подобрување на условите, Пустец станува се попривлечна дестинација, како за домашните така и за странските туристи, што го потврдува податокот дека минатата година околу 100 илјади посетители го избрале Пустец како своја дестинација, а се очекува овој број значително да се зголеми годинава, посебно  во текот на летните месеци.