Мобилниот тим „Task Force“ во Гостивар и Тетово пронајде марихуана и кокаин, од слобода се лишени три лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 18, во 22:15 и во 23:20 часот, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при ОВР – Гостивар и при СВР – Тетово ги лишија од слобода Р.Ј.(47) и С.Н.(29) од Гостивар и Г.О.(44) од Тетово. При претрес во домот на Р.Ј., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пакувања со марихуана. При преглед кај С.Н. била пронајдена и одземена марихуана, додека, при преглед кај Г.О. бил пронајден и одземен кокаин – информираа од МВР.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

