Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Кој јунак ќе каже дека презема одговорност за пропустите и неказнивоста на криминалците во системот?

Судот постапува по поднесени обвиненија и докази. Ова е кусиот одговор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот постапува по поднесени обвиненија и докази. Ова е кусиот одговор на Судскиот совет откако министерот Спасовски посочи кон правосудството по критиките од американската амбасадорка Агелер која предупреди дека малата Вања е жртва на неказнивоста на криминалците во државата. Потегот на Спасовски кој ја побара вината во правосудните органи и се обиде да се испере, очигледно предизвикува нервоза кај највиоското тело во третата власт. Алфа се обиде директно да го добие претседателот на Судскиот совет, Зоран Георгиевски. ПО неколкуте наши обиди оттаму добивме само кус став.   

Судот постапува по поднесени обвиненија и врз основа на докази, велат од Судскиот совет.

Ова укажува дека и од Судскиот совет не препознаваат вина кај себе за она што го зборува американската амбасадорка. Критиките очигледно сега се насочени кон јавното обвинителство. Оттаму не соопштуваат ништо поконтретно за случајот Вања. Денека кратко информираа дека се уште не го добиле обукцискиот наод д судска медицина.

Реклама

Јавното обвинителство е во фаза на прибирање на сите докази. Извештајот од Институтот за судска медицина не е официјално доставен до обвинителството, соопштува Јавното обвинителството.

Министерот Спасовски кој вчера не препозна пропусти кај полицијата денеска замина на пат за Естонија. Освен што не гледа одговорност кај себе и институцијата која раководи, за случајот Вања тој не сподели какви било други детали. Кажа дека ќе имало информации кога ќе требало да се соопштат.

Дотогаш она што јавноста го знае е дека главно осомничениот за двојното свирепо убиство Љупчо Палевски е во екстардициски притвор во Турција, а останатите осомничени соучесници се во притвор во Макеоднија.

Македонските власти испратија барање за есктардиција, но неизвесно е кога ќе биде реализирана СлучЈОТ СО ПАлевски е потврда на она што макеоднските институции постојано добиваат критики од типот на онаа на Агелер. ПАлевски повеќепати заработил кривични пријави, но за ниту  една досега нема судска разрешница.

За овие убиства осомничени се шест лица, а за првоосомничениот Палевски се чека на негова екстрадиција од Турција.