Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Свет

Кои се најризичните активности за зараза со корона на скалата од 1 до 10?

Бројни прашања кај граѓаните, за тоа – каде е најголемата опасност да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројни прашања кај граѓаните, за тоа – каде е најголемата опасност да се заразат со корона вирусот. Истражувањето на медицинската асоцијација од Тексас , табеларно, на скало од 1 до 10, покажува – колкав е ризикот од различна активност за време на пандемијата..

Одењето во кафуле, е на највисокото, воедно и најризично место на скалата. Под него со ист степен на ризик е присуството на масовни  верски служби со учество на над 500 верници. Исто обоени, односно со црвено,  на скалата од 1 до 10, под високо ризични активности, се и одењето на спортски настани и музички концерти, присуството на забава по парковите, но, и вежбањето во теретана.

Умерено високо-ризични, односно обоени со портокалова боја на скалата, се гушкањето со раце со пријателите и спортските активности как играњето фудбал и кошарка. Патувањето со авион, исто така спаѓа во умерено високо-ризични активности.  Присуството на масовни собири како свадба, јадењето во внатрешниот дел на ресторанот и одењето во фризерница се исто така обоени во портокалово и се наоѓаат на седмото место на скалата.

Реклама

Под умерен ризик на скалата се сместени домашните посети , пливањето во јавен базен но и отварањето на училиштата.  Пазарувањето во моловите и одењето на  плажа се сместени на 6-тото место на скалата, обоени со жолта боја.

Во умерено -ниски активности за зараза со корона, на табелата се сместени – седењето во ресторан на отворено, одењето во библиотека и чекањето за преглед кај доктор.  Преспивањето две вечери во хотел и играњето голф се наоѓаат на 4-тото и 3-тото место на скалата, обоени со зелена боја.

Во ниско ризични пак се сместени активностите како играње тенис, кампувањето и полнење гориво на бензиска.

Викторија Миткова