Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Кога се поднесува иницијатива, тоа да не е само за да се биде поактивен, туку да се размислува за извесноста од финализирање, вели Сиљановска-Давкова 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува партиските причини на Европскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува партиските причини на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени, но смета дека таа иницијатива нема шанси да успее со оглед на тоа што што за нивно усвојување е потребно двотретинско мнозинство. 

– Според нашиот Устав, уставни измени може да предложат 30 пратеници или 150 илјади граѓани. Иницијаторот нема 30 пратеници во парламентот. Јас не можам да ги толкувам партиските причини и причините на парламентарната група за поднесување на оваа иницијатива, но секогаш кога се поднесува некоја иницијатива, тоа не треба да се прави само да се за да се манифестира поголема активност, туку треба да се размислува на извесноста од нејзиното финализирање и вродување со плод – рече Сиљановска-Давкова во одговор на новинарско прашање по средбата со швајцарскиот претседател. 

Додаде дека е познато оти за усвојување е потребно двотретинско мнозинство, што, како што истакна, е многу повеќе од триесет, а исто така и двојно мнозинство, заради тоа што се бара промена на преамбулата.

Реклама

– Веројатно реков дека тоа е партиска одлука. Тоа е одлука на пратеничката група, но јас на нешто друго сакам да предупредам. Токму оваа партија, да ве вратам назад, едно време, всушност, ја убедуваше македонската јавност, односно граѓаните, дека не само што има двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени, туку дека има и многу поголемо, дека разговарале со пратеници, дури и од опозицијата, дека од нив добиле поддршка, но го видовте завршокот на оваа приказна. Најдобро е нив да ги прашате кои им се намерата и иницијативата, но секој пратеник, сите пратеници, имаат право на иницијатива. Тоа е демократски чин. Да видиме што ќе се случи, но од она што го гледам како коментари од другите партии,л мислам дека нема шанси да успее – рече претседателката.

Неодамна темата за евентуално отворање на Уставот ја отворија пратеници од Европскиот фронт преку иницијатива за собирање потписи.