Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Кога СДСМ беше во опозиција: штрајкот е уставно загарантиран, наставниците имаат право на незадоволство

Правото на штрајк е загарантирано за работниците, а негово опструирање е газење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правото на штрајк е загарантирано за работниците, а негово опструирање е газење на уставот- Ова беше ставот на СДСМ во 2015 година за штрајкот на просветните работници. Пред медиумите тогашниот истакнат член на СДСМ, а подоцна и министер за образование Мила Царовска беше гласноговорник за правата на вработените.

Со опструирање на правото на штрајк не само што го газат Уставот на Република Македонија, туку се газат и загарантираните права на работниците.  Директорите немаат никакво право да нарачуваат списоци со наставници кои го остваруваат легитимното право на штрајк на своите права, ниту пак имаат права да наложуваат да имаат право да држат настава во време на штрајк. Бидејќи оваа власт не знае ни Д од дијалог, прашање на време беше кога ќе стане јасно дека наставниците се изиграни, рече Царовска.

Седум години потоа сликата во државава е иста : Сите бараат зголемување на плати, само што сега власта, за разлика од кога беше опозиција  одлучи  поинаку да го толкува загарантираното право на штрајк. Владата сега е на став дека нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите.  

Реклама

Наместо дијалог, власта почна со напаѓање кон синдикатот.  По огромните притисоци во изминативе две недели кон просветните работници –  од испраќање на списоци со заменски наставници, заклучувани воспитувачки во градинки на кои не им беше дозволено да јадат или да користат тоалет, најновиот удар за наставниците е одлуката дека наставниците ќе добијат само придонеси ама не и плати за периодот на штрајк. За премиерот одбивањето  на понудените 10 отсто е уцена од синдикатот, а штрајкот бил за личен интерес на СОНК.

„Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10 отсто, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите.  Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата. Владата прави сѐ што треба за да го одржи дијалогот и да најде заеднички јазик, но барањата и односот на СОНК се целосно неприфатливи. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено СОНК и раководството се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование, напиша Ковачевски.

Штрајкот на просветните работници започна минатиот понеделник. Од СОНК не гледаат повод за скратување на априлската плата за време на штрајкот бидејќи причина за истиот се неисполнетите ветувања на надлежните за покачување на платата. Од Синдикатот се децидни дека штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат барањата во целост.

Кристина Алексиеска