Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Кога медицината подава рака на хуманоста: Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, денеска официјално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, денеска официјално се отвора осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“.

Според организаторите на кампањата, постојат дијагнози кои се ретки, но надежта и солидарноста мора да бидат сеприсутни.

-Оваа година, кампањата започнува со моќен меѓународен поттик. Во официјалното видео, доктори од различни земји, со дланки обоени во симболичните бои на ретките болести, испраќаат порака дека науката и човечноста не познаваат граници. Тие обоени дланки се ветување дека нашите пациенти не се сами во својата тиха борба, стои во соопштението.

Реклама

Кампањата, предводена од Здружението „Ретко е да си редок“, во соработка со „Живот со предизвици“, оваа година го осветлува патот на пациентите – буквално и преносно. Имено, на 1 февруари, знаменитостите низ државата ќе се обојат во боите на ретките и ќе светат во текот на целиот месец, симболизирајќи ја будноста на општеството кон потребите на овие граѓани.

-Осмата сезона е доказ дека истрајноста е посилна од секој предизвик. Обоените дланки на докторите во видеото се симбол на прифаќање и разбирање. Нашата цел е знаењето да го победи стравот, а едукацијата да ги отвори вратите за подобра терапија и достоинствен живот на секој поединец со ретка дијагноза – изјави Гордана Лолеска, претседател на „Ретко е да си редок“.

Како и во изминатите години, кампањата продолжува со својата професионална едукативна дејност. Таа ќе понуди стручна експертиза со нови текстови и видеа за ретки болести, подготвени во соработка со врвни специјалисти од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ и регионалните болници. Сите материјали ќе бидат достапни на македонски и албански јазик, со цел информациите да стигнат до секое семејство. Воедно, февруари ќе биде месец на свесност и во текот на целиот месец ќе бидат објавувани содржини кои ги прават „невидливите“ дијагнози – видливи за институциите и јавноста, најавуваат органзиаторите.