Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Кочовски: Реконструирани улици, нова механизација и инвестиции во комуналната инфраструктура за уредено и функционално Вевчани

Во изминатата година од добивањето на вашата доверба, да бидам повторно избран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатата година од добивањето на вашата доверба, да бидам повторно избран за градоначалник на општина Вевчани се соочивме со многу предизвици и реализиравме проекти кои се во интерес и насока на подобрување на животот на секој жител на општина Вевчани, изјави на денешната прес-конференција Спасе Кочовски, градоначалник на Општина Вевчани, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на патната инфраструктура, општина Вевчани во соработка со Министерството за транспорт обезбеди средства за целосна реконструкција на четири локални улици во должина од околу 5 км, преку што се подобри безбедноста на движење како на возилата така и на пешаците.

Покрај целосната реконструкција на овие улици, извршена е и реконструкција на уличното осветлување, преку поставување на подземна инсталација и нови канделабри на секоја од овие улици.

Реклама

Во насока на унапредување на локалната комунална инфраструктура, беa преземени градежни активности за поправка, санација и уредување на пешачки патеки и други јавни површини, како и пробивање и тампонирање на пристапни патишта со изградба на бетонски канали за наводнување.

Преку проектот Wi-Fi за Западен Балкан, а во соработка со GIZ, општина Вевчани обезбеди бесплатен интернет во централното подрачје на Вевчани.

Во делот на унапредувањето и развој на туризмот, извршена е реконструкција на дел од осветлувањето во локалитетот „Вевчански извори“, а активностите за целосна реконструкција на осветлувањето се во тек. Воедно во континуитет се продолжи со организација на манифестацијата Вевчанско лето, која допринесе за збогатување на туристичката и културна понуда во општината.

Со средства од буџетот на општина Вевчани, се реализираа градежни работи за партерно доуредување на дворот на детската градинка, при што се изврши проширување на пристапната патека, се изработи потпорен ѕид, се изврши поплочување на просторот за обезбедување на дополнителни паркинг места, а дополнително се поставија метална ограда, нови корпи за отпадоци и клупи.

Со цел зајакнување на капацитетите на јавното комунално претпријатие, а во соработка со повеќе институции, реализиравме повеќе проекти од значење за граѓаните.

Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион набавена е нова специјална машина за одржување на канализациониот систем, како и хидрауличен мини багер со што се подобрија техничките капацитети на јавното претпријатие.

Во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање обезбедени се 850 канти за собирање на комунален отпад следствено на што секое домаќинство во општина Вевчани доби бесплатна канта за собирање на комунален отпад, а во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад кој се реализира со поддршка на Европска банка за обнова и развој, набавено е и ново специјално возило за собирање на отпад.

Преку Бирото за регионален развој се обезбедија средства за набавка на нов камион за одржување на јавното зеленило и набавка на машина за електрофузионо заварување на цевки, неопходни за унапредување и подобрување на услугите кои ги нуди јавното претпријатие.

Со реализацијата на овие проекти, покажавме и докажавме дека работиме во интерес на сите жители на општина Вевчани, но не застануваме тука, туку напротив, продолжуваме да работиме посветено и одговорно за доброто на општина Вевчани и вевчанци!

Спасе Кочовски, градоначалник на Општина Вевчани