Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Кочани не сте сами“ – Владата ќе стори се за да им помогне на семејствата на жртвите од пожарот

Без политизирање на трагедијата во Кочани, Владата ќе стори се што може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без политизирање на трагедијата во Кочани, Владата ќе стори се што може за настраданите во пожарот во кочанското кабаре. Целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата и обезбедување соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени. МВР ќе постапува по налог на обвинителството, вели премиерот Христијан Мицкоски. Повтори дека власта стои на располагање за помош на семејствата и повредените во пожарот. Во таа насока е и проектот кој што се работи со Европската Унија и како што најави премиерот ќе биде објавен до крајот на месецов.

  • „Така што болката кај сите нас, а посебно кај родителите на загинатите луѓе од таа ужасна несреќа и на оние повредените ќе трае цел живот. Тоа не е сентимент, којшто се губи преку ноќ. Но ние како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата и, правда како што гледате за разлика од принципот до сега, веќе има“, изјави Мицкоски.

Според премиерот, трагедијата продолжува да се злоупотребува за политички поени.

  • „Жалам што одредени некрофили во политичките партии се обидуваат преку овој случај да добијат некои политички поени. Мислам дека тоа им се враќа како бумеранг во глава и дека тоа не им е успешна мисија,“ рече премиерот Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско.

И додека премиерот повикува да не се политизира случајот, опозицискиот лидер Венко Филипче не пропушти можност да замине за Кочани и таму пред партиското членство зборуваше како СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, без обиди за политичка корист од трагедијата, а во исто време испрати серија напади кон владата токм,у за овој случај.

Реклама
  • „Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.

Владата најави дека на седница ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква кое располага со 27 соби и 56 легла се пренамени во центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба така и на пружањето на медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани. Досега биле обезбедени 30 милиони денари за транспорт и сместување на членовите на повредените и потсетуваат дека е отворена телефонска линија за директна комуникација со премиерот. Дополнително настраданите линиите можат да ги искористат за секоја потреба и предлог.