Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Коалиција Менуваме“: Брајовата азбука не е стандардизирана на македонски јазик, невидлива е во образованието

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на Брајовата азбука и  образованието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на Брајовата азбука и  образованието на лица со оштетен вид – 4 Јануари, „Коалиција Менуваме“ соопшти дека спровела „евалуација на системот и потврди длабоко алармантна реалност: илјадници луѓе со оштетен вид не ја знаат Брајовата азбука“. 

Иако е загарантирана со меѓународни конвенции, наведува „Коалиција Менуваме“, Брајовата азбука е „практично невидлива во образовниот систем во Македонија, со исклучок на училиштето ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопјe“. 

Брајовата азбука „не е стандардизирана на македонскиот јазик и не е официјално прифатена од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, ниту од неговите одговорни органи“.

Реклама

-Ова институционално занемарување директно го блокира пристапот до писменост. Уникатно училиште со 72 години традиција е лишено од својата образовна улога. Денес функционира само како ресурсен центар, со неизвесна надеж за враќање на својот поранешен статус. Бришењето на оваа институција, исто така, го загрозува наследството на Димитар Дермерџиев, чија доживотна посветеност на образованието на слепите деца од 1946 година ги постави темелите за инклузивно образование во земјата, наведува „Коалиција Менуваме“.

Коалицијата „Менуваме“ реагира на, како што вели, „континуираните опструкции од страна на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, кој не успеа да ја исполни својата одговорност за стандардизирање на Брајовата азбука на македонскиот јазик“.

-На Меѓународниот ден на Брајовата  азбука, не бараме милостина. Бараме признание, одговорност и враќање на право кое никогаш не требало да биде одземено, се посочува во соопштението. 

Идните професионалци специјални едукатори и рехабилитатори, додава „Коалиција Менуваме“, „не учат за тифлопедагози и Брајовата азбука во Институтот за специјална едукација и рехабилитација, и покрај тоа што се очекува да работат со слепи лица“.

-На децата со оштетен вид или слепило во редовните училишта им е одбиено Брајово образование, едноставно затоа што нема обучен персонал кој ќе предава. Брајовата азбука е отсутна во државните институции, што е директно кршење на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Уставот на  Македонија, укажува „Коалиција Менуваме“.