Реклама

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Прилози

Кој се спаси, се спаси – Контроверзните измени на КЗ на СДСМ и ДУИ заминуваат во историјата

Им заврши „мандатот“ на скандалозни измени на кривичниот кои минатата власт ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Им заврши „мандатот“ на скандалозни измени на кривичниот кои минатата власт ги протурка со злупотреба на европско знаменце, а многумина спасија од робија. Вратени се во живот строгите казни за функционерите кои ќе огрешат пред законот.

Најконтроверзните измени беа оние кои се однесуваа на членот 353, за „злоупотреба на службената положба и овластување и со нив беше избришано едно од трите клучни дејствија на извршување – „искористување на службената положба или овластување“, со што значително се стесни опфатот на кривичното дело. Многу осомничени функционери преку овие измени се спасија од затвор за милионски криминали.

За тоа забелешки стигнаа дури од Брисел, од каде испратија бројни критики за тогашната власт за амнестијата што ја прави за висока корупција.

Реклама

За владејачкото мнозинство денешното гласање е јасна порака: борбата против корупцијата нема алтернатива, а правдата мора да биде еднаква за сите.

  • „Со законот се воведува и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки и материјали, се зајакнува заштитата од родово-базирано и семејно насилство согласно Истанбулската конвенција, се проширува примената на проширената конфискација и се прави доусогласување со законите поврзани со проектот „Safe City“. Ова е јасен доказ дека кога постои политичка волја, државата може да се движи напред“ рече Миле Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ која ги предложи и ги изгласа скандалозните измени, па потоа потегот го нарече грешка, сега не ги поддржа новите законски решенија. За претседателот Венко Филипче овие измени биле амнестија на актуелни функционери.

Измените, пратнеците ги донесоа бидејќи тоа им го наложи Уставниот суд, додека во Министерството за правда се пишува нов закон, за кој по донесувањето ќе треба време и за адаптација. До тогаш ќе важат овие законски решенија, од кои дел е и постапување по службена должност за жртвите на семејно насилство.  За законските измени беа поднесени 14 амандмани од кои беа прифатени два, по еден од опозицијата и власта, а беше оддржана и јавна расправа со експертската фела.