Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Клиничкиот во Скопје ќе се гради веднаш по здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово

Со парите од Велика Британија, Владата на Македонија планира да го заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со парите од Велика Британија, Владата на Македонија планира да го заврши проектот за Клиничката болница во Штип, како и да отпочне со реализација на неколку клучни инфраструктурни зафати во здравствениот сектор.

Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека средствата ќе бидат насочени кон обновување и изградба на болници, студентски домови и универзитетски капацитети, кои според него биле ветени, но никогаш реализирани од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

– Ќе ја довршиме Клиничката болница во Штип, којашто беше запрена од претходната влада. Ќе изградиме и нова зграда за Медицинскиот факултет и студентски дом, нешто што само се ветуваше, но никогаш не беше изградено – рече Мицкоски.

Реклама

Дополнително, според најавите, ќе започне и изградбата на нова болница во Кичево, како и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

Мицкоски истакна дека овие проекти ќе бидат приоритет во првата фаза, а доколку успешно се реализираат, ќе се премине кон амбициозната фаза – изградба на нов Клинички центар во Скопје.

– Ако сето ова го исполниме успешно, тогаш следниот чекор ќе биде изградба на нов Клинички центар во Скопје, кој ќе биде замена за сегашниот. Постоечкиот ќе се реконструира во рамки на можностите на Фондот за здравство и Министерството за здравство – рече премиерот.

Тој потсети дека претходно постоеле повеќе идеи за локацијата на новиот Клинички центар – од Злокуќани, до плато во Ѓорче Петров и касарната „Илинден“, но сите биле неуспешни, оставајќи го проектот само на хартија.

– Имаше многу идеи, но крајниот резултат е дека денес, во 2025 година, сѐ уште немаме нов Клинички центар кој одамна требаше да биде готов – посочи Мицкоски.

Новите здравствени инвестиции, како што најавуваат од Владата, ќе имаат за цел не само подобрување на болничката инфраструктура, туку и обезбедување на достоинствени услови за студентите по медицина, здравствените работници и пациентите ширум државата. Првите конкретни активности на терен, според премиерот, се очекуваат веќе оваа есен.