Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Кликни безбедно – едукативен филм за одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите

Во време кога децата сè порано се среќаваат со дигиталниот свет, министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време кога децата сè порано се среќаваат со дигиталниот свет, министерот вели дека нивна заедничка одговорност е да создадат средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици истакна Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој денеска присуствуваше  на промотивното прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет.

-Тука во домот на културата Билјана Беличанец ќе прикажеме 15 минутен анимиран филм наменет претежно за возраст до 15 години, којшто ќе зборува за предизвиците на интернет за безбедноста небезбедноста и кои се потешкотиите со кои што се соочуваат младите на интернет. Се надеваме дека на овој поучен начин со овој анимиран филм кој што е интересен и прилагоден за возраста  на децата, ќе успееме да допреме до нивниот начин на зборување до нивните интереси и идеи и како тие од нивната перцепција го восприемаат овој предизвик кој им се случува и ни се случува на сите нас“, истакна министерот информатичко општество Стефан Андоновски.

„Затоа ваквите иницијативи се особено важни – тие ја поттикнуваат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со заедничка цел: побезбеден интернет за секое дете“, додаде тој.

Реклама

Андоновски исто така посочи дека анимираниот филм ќе биде достапен во сите училишта низ Македонија, а ќе имаат можност да го прикажуваат и сите телевизии.