Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Клековски: За само една година успеавме да направиме две промени во позитивната листа на лекови која не беше обновена 10 години

„Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не беше обновена позитивната листа на лекови. 10 години од 2014-та година ниедна промена на позитивната листа, за една година ние успеавме да направиме две промени. Во првата промена 9 генерички лекови, во последната 2 онколошки лекови кои од следниот понеделник ќе бидат достапни во аптеките“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ФЗОМ, Сашо Клековски на денешната трибина во Штип на тема „Реформи во здравството – Ги градиме темелите на промените“.

Клековски продолжи и додаде:

„Многу се фокусиравме на лековите, благодарејќи на поддршката на владата одвоивме неверојатни пет милијарди денари за иновативни лекови, тоа е 70% повеќе од 2024-та година или двојно повеќе до 2023-та година. Тоа се многу повеќе пари, една милијарда повеќе за онкологија, повеќе пари за хематологија, педијатрија. Ова не се само пари, ова се животи спасени и олеснети. Стабилно снабдување на онкологија и хематологија, сите пациенти на неврологија со мултипла склероза опфатени. Луѓето на кои им треба хормон раст не чекаат веќе на тоа, и многу такви примери“, вели Клековски.

Реклама

Клековски истакна дека бројот на ин витро што го покрива ФЗОМ наместо 3 сега е зголемено на 6 и исто така процесот за добивање известување за барателите на ин витро е дигитализиран.

„Зошто збориме за ин витро? Едно од 11 или 12 бебиња што се раѓаат во Македонија се зачнуваат со ин витро, сите говориме за демографија, за демографски политики но, мора да сфатиме дека ова не е само мала потреба на мал број луѓе, туку е една голема потреба на голем број луѓе бидејќи едно од 11 бебиња се зачнува со ин витро. Тоа што се направи со промена на законот за здравствено осигурување е само дел од работите што ги зачнавме, значи се зголеми бројот на ин витро што ги поддржува ФЗОМ од 3 на 6 поддржани ин витро, меѓутоа ние направивме уште повеќе, овозможивме сите тие 6 обиди да бидат без партиципација и многу поважно, го скративме периодот на чекање од 3 месеци на 2 недели. Во ФЗОМ секоја недела работи комисијата и ажурно се одобруваат, не треба ургенции, не треба врски, не треба јавување, сите што ги исполнуваат условите имаат шанса да добијат ин витро. Уште еден чекор понатаму обезбедивме дигитализација на добар дел од процесот и наместо како до сега што ваучерите ги испраќавме по пошта се губеа некаде по пошта сега се дигитални и стигнуваат на барателите за ин витро“, заклучи Клековски.