Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство, дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерски панел на високо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерски панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин, којшто е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA). 

Клековски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претставил состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму, со фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата „EU4Health“.

-Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји – изјави Клековски.

Реклама

На маргините на Форумот, Клековски одржал билатерални средби со министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан, на кои, како што се вели во соопштението, биле разменети искуства од реформите на здравствените системи и било разговарано за можностите за соработка меѓу земјите од регионот.

Клековски се сретнал и со претставник на „Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со претставници на „Falk Consulting” – за поддршка на реструктуирање на болниците.

Во Амбасадата на РСМ во Берлин, Клековски се сретнал со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора, на која, како што се вели во соопштението, зборувале и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Клековски, ги претставил реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти.

-Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка – изјави Клековски.

Посетата на Берлин, Клековски ја започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK), на кои, како што информираа, било разговарано за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства.

Клековски се сретнал и со раководството на Бизнис клубот Германија – Северна Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата била пренесувањето на искуства од Германија во Македонија. Со амбасадорот на Република Северна Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, Клековски ја посетил и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм.