Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Клековски: Трансформацијата на здравството мора да се почувствува на патот на пациентот

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска имаше воведно обраќање на извршната тркалезна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска имаше воведно обраќање на извршната тркалезна маса „Градење одржлив, достапен здравствен систем ориентиран кон пациентите“, во организација на Холандската стопанска комора во Македонија, на која учествуваа креатори на политики, даватели на здравствени услуги, клинички експерти, финансиски и меѓународни чинители и претставници на индустријата.

Како што информираат од Министерството за здравство, по Клековски, поздравно обраќање имаше извршниот директор на Холандската стопанска комора, Боб Смит, кој официјално го отворил настанот.

-Дискусијата беше организирана во три сесии: трансформација на здравството и патеки на грижа – како преку поинтегрирана и покоординирана грижа да се подобрат резултатите за пациентите, од превенција и дијагноза до лекување, рехабилитација и долгорочно управување со хроничните заболувања; здравствена еднаквост и пристап – регионалните разлики во пристапот, предизвиците со кадарот, дигиталното поврзување меѓу здравствените институции и кардиоваскуларната грижа како пример за подобро упатување и координација, како и одржливо финансирање, партнерства и модернизација на здравството – како ефикасно да се инвестира во инфраструктура, технологија и услуги, со подобро планирање и искористување на постојните капацитети и со долгорочна одржливост – информираат од Министерството.

Реклама

Министерот Клековски истакнал дека секое вложување во опрема, објекти и дигитализација го мерат со едно прашање – дали пациентот побрзо доаѓа до дијагноза и лекување и дали добива иста грижа без разлика каде живее.

-Не е важно само колку инвестираме, туку колку ефикасно инвестираме – со јасни приоритети, со подобро искористување на она што веќе го имаме и со партнерства што носат вредност за јавното здравство – изјавил министерот Клековски.