Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работат

Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти. Неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да обезбедиме натамошна либерализација на условите за рурални матични доктори и да видиме кои се пречките кои оневозможуваат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја.

Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека ги повикуваат сите матични лекари кои работат во руралните подрачја, младите доктори кои би сакале да почнат со работат во руралните подрачја, како и кој било заинтересиран, вклучувајќи го и Здружението на приватни лекари да дадат предлози што треба да се измени во правилата за да ги потикнат лекарите да работат како рурални матични лекари. Предлозите може да ги испратат до 1 ноември на е-пошта: [email protected] .

Посочи дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани од посебна комисиија задолжена за подготовка на измените и доколку тие се во согласност со законската регулатива, ќе бидат вградени во новиот правилник или ќе послужат како основа на измени на законската регулатива.

Реклама

На 6 октомври министерот за здравство ќе го објави пакетот од 12 закони за кои се планира во наредниот период да се направат нивни измени и дополнувања, рече Клековски и додаде дека тоа што Фондот може да го направи е да се олеснат критериумите и да зголеми финансирањето.

– Ако треба друг тип промени тоа ќе мора да оди преку законски измени. Тоа е посветеноста на Фондот за натамошно подобрување на правичната и еднаква здравствена заштита за сите осигуреници и за сите граѓани. Многу набрзо ќе мора да размислуваме за малите места кои не се дефинирани како рурални. Во Ресен има само тројца матични лекари. Демографската, возрасната структура на матичните лекари е исклучително лоша и за 10 до 15 години ќе имаме сериозна криза во покриеноста. И тоа не е ислучок за Македонија. Неодамна бев на консултација со Светската банка за Западен Балкан. Цела Европа е посебно погодена со криза во примарната здравствена заштита и огромни подрачја остануваат непокриени со примарна здравствена заштита и листите за чекање за базични прегледи се продолжуваат. Ако гледаме дека тоа ќе биде проблем за десеттина години, ние мора сега да дејствување, за да не се најдеме во ситуација на 30 до 40 километри да нема доктор достапен за населението, додаде Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека имаат дотации кои не зависат од бројот на осигуреници и за руралните подрачја има посебно плаќање кое е независно од бројот на осигуреници.

Тој појасни дека една од можностите е понатаму да го либерализаат тој дел, односно да ги зголемат дотациите независно бидејќи главниот проблем на руралните подрачја е малиот број осигуреници што значи ниска капитација, ниски примања. Вториот проблем, нагласи, е составот на тимовите, бидејќи секаде се бара да има тим за таа работа.

– Треба како старт ап да го помогнеме стартот. Проблем е и тоа што немаме преносливост на амбулантите условно да кажам. Нашиот систем предвидува постоечка амбуланта да згасне, па да почне од почеток што ги обесхрабрува генерациските преноси, бидејќи една од размислите што треба да ги направиме е како ќе се случува ако многумина одат во пензија во следните десет години, како ќе се случува тој генерациски процес на преносот од докторите кои одат во пензија на младите доктори да има олеснување и таму. Дел од проблемите се лоцирани, но сакаме да бидеме консултативни и партиципативни да ги поканиме луѓето да си кажат што им е потребно, бидејќи тие сепак најдобро ќе знаат. Ова е земено предвид и ќе го разговараме, бидејќи прашањето е финансиско ќе гледаме како да го решиме, рече Клековски.