Реклама
Економија

Ќе се зголемуваат стоковите резерви, Владата ќе откупува ориз и пченица од производителите

Владата им помага на производителите на пченица и ориз, ќе откупи дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата им помага на производителите на пченица и ориз, ќе откупи дел од нивното производство. На  седница била донесена одлука да се зголемат стоковите резерви. Планот е да се купат 9 илјади тони меркантилна пченица од годинешната реколта и 2.400 тони ориз и оризова арпа од ланската реколта. Секој индивидуален производител има право да понуди количина од 5 до 30 тони пченица и од најмалку 3 до најмногу 20 тони ориз и оризова арпа.

„Ова за првпат се прави, посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние кои одгледуваат пченица. Така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин стоковите резерви ќе имаат ориз“ – вели Мицкоски.

Во одлуката на Владата стои дека оризовата арпа ќе се откупува по цена од 37 денари без пресметан ДДВ. Оризопроизводителите се мачеа со недостаток на вода на почетокот на сеидбата во мај, но проблемот набрзо беше решен.

Реклама

Пченицата, пак, ќе се плаќа 13 денари по килограм без ДДВ. Оваа година земјоделците засеаја зголемени површини под пченица, од кои се очекува приносот да биде поголем споредено со претходните години. Според Министерството за земјоделство, годинава жетвата ке се изврши на 70 000 хектари со што би требало да бидат задоволени домашните потреби за пченица. До средината на јули биле откупени 40 милиони килограми пченица. Годинава пченицата е со исклучителен квалитет, најголем дел е од прва и втора категорија, а за неа производителите добиваат 12 денари по килограм.