Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Ќе се вратам, ама да не завршам во притвор во Шутка – непристојна понуда од Артан Груби до Судот

Уцени до судот од првиот екс вицепремиер кој не сака да влезе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уцени до судот од првиот екс вицепремиер кој не сака да влезе зад решетки откако полицијата му влезе во трага за сторен криминал во државната лотарија.  Артан Груби неофицијално поставува услов Кривичен да не го праќа во Шутка за да се врати во Македонија. Груби кој велеше дека е „чист како солза“, ангажирал адвокат. Според засега непотврдени информации, станува збор за бранителот Владимир Доневски кој не одговори на повиците на Алфа. Наводно преку него, Груби го испорачал барањето до судечкиот совет, кој иако веќе донесе одлука на четворицата соработници да им ги одземе пасошите и да се јавуваат во судот, тактизира со одлуката за ексвицепремиот и поранешниот директор Перпарим Бајрами.

  • До судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“ соопштија од Кривичниот суд.

Груби кој многу веројатно добил дојави од своите инсталации во правосудството дека ќе биде апсен, заминал од Македонија во неделата утрото. Тој се качил во автомобилот на неговиот пријател – бизнисменот и почесен косовски конзул Арсим Папранику. Дипломатските таблички му ја кренале рампата на Блаце, а Груби со албански пасош влегол на територија на Косово. Граничарот кој што му дал зелено светло од македонска страна да замине веќе е предмет на истрага во МВР.

Полицијата вчера изврши претрес во куќата на Груби но и на други девет локации и пронашла вкупно 60 илјади евра во кеш. Беше претресена и куќата на Бајрами е осомничен дека пред неколку месеци побегнал во Косово.

Реклама

Според истрагата за злоупотребите во државните игри на среќа, се проценува проневера од речиси  8,2 милиони евра . Груби, Бајрами и останатите осомничени за криминалите во Државната лотарија ќе одговараат за малверазациите со тендерите за набавка на нови коцкарски апарати.

Груби минатиот понеделник се разбуди на црната листа на САД за случај со значителна корупција и директна вмешаност во судски скандал со мито.