Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Ќе се формира Комисија за случајот со новроденчето со скршеница на неговата рака

Родителите трагаат по вистината, а од скопска гинекологија ги чекаат деталите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите трагаат по вистината, а од скопска гинекологија ги чекаат деталите за тоа како дошло до скршеницата на раката на новороденчето на семејството Дамјановски. Два дена по случајот кој доби актуелност дури откако таткото јавно алармираше дека од гинекологија криеле информации за состјбата на неговото дете и бил избркан оттааму, се огласија од клиниката. Директорката Јовановска со поинаква верзија. Тврди дека таткото не бил пуштен во клиниката поради тоа што бил агресивен, а не поради тоа што се криеле информации, а на мајката не и билo кажано оти биле во тек проверките.

Во моментов раката на бебето е во гипс, а според докторите, тоа нема да има траен инвалидитет ниту долгорочни последици. За колку комплициран случај станувало збор денеска пред медиумите демонстрираше директорката на ГАК, со со бебе кукла. Според Јовановска, станувало збор за предвидена компликација која не се случувала често.

Најблиските од семејството Дамјановски биле на разговор кај директорката, и им било објаснето за причините за скршеницата на бебето. Мајката била породена во саботата, околу 18 часот, со царски рез.

Реклама

Во последниве две недели, неколку скандали избија на скопска гинекологија. Акушерка ненамерно пресекла дел од прст на новороденче ,при што беше суспендирана. Но и скандалозниот оглас за вработување на доктори по националност. Каде што ГАК објави оглас за двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром и Албанец.