Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Ќе оди ли Васев зад решетки или ќе остане во куќен притвор? – Одлучува Апелација

Обвинителството бара ефективен притвор за поранешниот медицински директор Нино Васев за случајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството бара ефективен притвор за поранешниот медицински директор Нино Васев за случајот „Онкологија“, а тој сака да се брани од слобода.  Аргументите на обвинителството и одбраната се судрија на јавната седница во Апелациониот суд која се одржа по поднесените жалби од ОЈО за одлуките од кривичен да има куќен притвор за поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи.

Според вишото јавно обвинителство, постои опасност од бегство поради сериозноста од кривичните дела за кои се товари Васев, а одземениот пасош не значи дека не може да побегне.

„Ставот на Вишото јавно обвинителство е дека во оваа фаза на постапката, имајќи ги во предвид сите околности, мерката притвор и единствено мерката притвор, претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на осомничениот и успешно обезбедување во кривичната постапка“, рече Фетаи.

Реклама

Според одбраната, Васев соработувал цело време со истражните органи откако почна беше откриена аферата „ Онкологија“ a одговарал и на прашања од пратениците во рамки на анкетната собраниска комисија. Адвокатот Никола Ставрев посочи дека притворот кој му е одреден на Васев е неоснован и незаконски. Тој вели дека барале јавна седница, со цел и судот да се запознае со предметот што се води против осомничениот. Според одбраната, Васев досега немал можност да се брани

Обвинителството го заснова барањето врз обем на докази што немаат вистинска тежина. Васев не е бегалец, туку пензионер, татко и досега неосудуван граѓанин кој свесно се соочува со постапката…. Уште од самиот момент кога излезе аферата, осомничениот се даде во целосна соработка и истрагата што се води. Со таа цел присуствуваше и на анкетната комисија во Собрание и даде исказ за неоснованите обвиненија за кои се става на тапет. Активно учествуваше и во истражната постапка и даде два искази и одбранатa самата обезбедуваше докази, вели адвокатот Никола Ставрев.

Васев пак порача дека бара чесно судење и дека останува на наводите на жалбата.

Барам чесно судење, сакам да се бранам во постапката и да се бранам од слобода, рече Васев.

Апелација треба да одлучи и за барањето за куќниот притвор за организацискиот директор Нехат Нухи. Обвинителството исто бара мерката да се замени со ефективен притвор.