Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ќе одговара ли Дрин Ахмети? Спасовски ја префрли топката во Обвинителството

Дочекот на новата година кај семејството Ахмети беше со 749 петарди и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дочекот на новата година кај семејството Ахмети беше со 749 петарди и огномети помалку. Сепак, прославата не беше проблем оти истражните органи уште тактизираат како да се санкционира младиот бизнисмен од Зајас.  

Фактите и доказите, што веќе се видоа, ќе биле клучни за истражните органи.  Оливер Спасовски, топката ја префрла во Обвинителството, тие да одлучат за што ќе одговара помладиот Ахмети. Првиот човек на МВР, тврди дека во поднесокот од полицијата за Дрин Ахмети фатен со петарди во гепекот, стои и членот 396 од Кривичниот законик.

  • „Ние ги преземавме сите потребни активности од полициски аспект. Одземени се сите тие предмети кои што беа најдени, и е доставен поднесокот до ОЈО, обвинителството ќе оцени за тоа како понатаму ќе се постапува понатаму.. Ние сме поднеле известување до Јавното обвинителство во однос на нашите сомненија, и по овој член (мислејќи на 396 од КЗ), меѓутоа треба да се земат во предвид, овие факти и докази кои што се, и врз основа на тоа, ќе ги донесе одлуките, вели Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи.

Членот 396 од Крвичниот претрпе промени со последните измени. Сега, ако некој се бави со трговија на пиротехнички средства се казнува со затвор и до десет години, додека за превоз на петарди и огномети санкцијата е многу помала.

Реклама

ЧЛЕН 396 ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК:

  • „Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Од обвинителството последните скромни информации се дека чекаат вештачење на доказите па обвинител треба да срочи за што ќе одговара.

Јавноста се уште не знае каде со лисици на рацете Дрин Ахмети беше спроведен со цивилно возило на полицијата. Три часа пееше во ПС „Беко“, откако тигри во близина на старата скопска чаршија го фатија со полн гепек пиротехника од „ренџ роверот“ со албански регистарски таблички.

https://youtu.be/8DN6ph53mL8