Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови, вели Меџити

Ништо не се градеше.
Денеска, наместо фотообјективи, околу нас трешти звукот на булдожери,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо не се градеше.
Денеска, наместо фотообјективи, околу нас трешти звукот на булдожери, багери и камиони. Ние не снимаме рекламни спотови – градиме иднина. Градиме патишта за нашиот народ, рече во своето обраќање првиот вицепремиер во владата, Изет Меџити.

Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија ја завршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа.

Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома.

Реклама

Дозволете ми искрено да ѝ се заблагодарам на амбасадорката на САД, гѓа Ангела Агелер, за континуираната поддршка. Вашето присуство денес е доказ дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави не е само на хартија,туку и на чекан, бетон и челик. На работа и на инвестиции. Ви благодариме.

Исто така, благодарност до тимот на БехтелЕнка и достручните служби на Јавното претпријатие за државнипатишта. Без вашата експертиза, оваа визија немаше да стане конструктивен факт.

Не градиме само автопат – градиме доверба. Во исто време инвестираме во локални улици, канализациски и водоводни мрежи, училишта и амбуланти. Комбинацијата од државни и општински проекти значи дека секоја општина чувствува дека Владата е тука – со реални средства и реални резултати.

Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од кривопаланечко до ресенско, од тетовско до долненско, од дебарско, до струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план. Затоа што нашите граѓани заслужуваатинфраструктура што го скратува времето, ја зголемува безбедноста и го подобрува квалитетот на живот.

Денес поставуваме каментемелник на проект вреден 90 милиони евра, но вистинската вредност е немерлива:

* Секој спасен живот поради побезбеден пат.

* Секој нов бизнис што ќе одбере да инвестира тука поради подобрена логистика.

* Секоја млада личност што ќе остане во регионот затоа што можностите доаѓаат кај неа, а не обратно.*

Дозволете ми да завршам со едно просто ветување: Ќе нѐмерите по завршени километри, не по потрошени зборови. Денешниот темел е симбол на таа политика – политика на дела, а не на празни фрази.

Ви благодарам. Нека е со среќа и правата линија нека нѐ води до нови успеси!”, рече вицепремиерот Изет Меџити, се наведува во соопштението.