Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Касами: Во Софија во моментот немаме кредибилен партнер за разговор што ќе следува по уставните измени

Со оглед дека во Бугарија се предвидени нови предвремени парламентарни избори и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со оглед дека во Бугарија се предвидени нови предвремени парламентарни избори и функционирање на техничка извршна власт, нема со кого да се разговара на тема уставни измени и продолжување на евроинтегративниот процес. Ова од Тетово денес го оцени претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами, кој имаше средба со новинарите.

– Владата е посветена на сите обврски преземени во делот на интегрирањето да ги реализира што побргу. Што се однесува до уставните измени, тоа е малку покомплексно прашање затоа што тоа бара поинтензивен дијалог и со Брисел и со Софија. Знаеме дека во моментот во Софија се подготвуваат за нови избори, така што, за жал, немаме кредибилен партнер со кој би разговарале за тоа како по уставните измени. Затоа што за Македонија важно е што ќе се случи по уставните измени, значи не само по себе уставните измени и внесувањето на бугарската заедница во Уставот – изјави Касами.

На новинарско прашање дали коалицијата „Вреди“ ќе прерасне во партија како што беше најавувано, Касами со одговор дека тоа е комплексно прашање што бара комплексно решение бидејќи се вклучени повеќе партии и движења.

Реклама

– Ние сакаме со новиот концепт за организирање на „Вреди“ да ги опфатиме сите политички структури, но исто така таа политичка структура да биде отворена и за сите други политички и општествени фактори, кои се заинтересирани да бидат дел од ова политичкото движење. Интензивно секојдневно работиме со креативни решенија да најдеме решение, кое нема само „Вреди“ да го организира во рамките на овие политички субјекти кои сега се дел од коалицијата, туку тоа ќе биде истовремено и отворање за сите други, кои во иднина би сакале да бидат дел од „Вреди“ – рече Касами.

Тој ги коментира политичките случувања откога со новинарите во Тетово како градоначалник заедно со раководителите на сектори и со директорите на јавните претпријатија одржа прв брифинг во 2026 година за состојбите во општината.