Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

Касами промовираше планови за младински активности: Младите од Тетово ја носат иднината

Градоначалникот на Тетово и кандидат за нов мандат, Билал Касами, денеска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Тетово и кандидат за нов мандат, Билал Касами, денеска на плоштадот на градот ги презентираше главните точки на платформата за периодот 2025-2029 година, ставајќи акцент на младите и нивниот развој во Тетово.

 Тој посочи дека со оглед дека Тетово има многубројни млади лица, потребно е да се поттикнат „како главни двигатели на општествените движења“.

-Затоа во нашата програма, 2025-2029 година, имаме предвидено неколку точки кои се директно поврзани со младината, почнувајќи од интеретнички активности и проекти во образованието и едукацијата. Ангажирање во делот на елиминирање на јазикот на омразата затоа што  цениме дека во едно мултиетничко општество мора да работиме заедно и сплотени. Организирање заеднички културни и спортски активности, промовирање на културната соработка, завршување на стадионот, градскиот стадион, како и други спортски терени, терени за атлетика, ставање во функција на спортската сала, посочи Касами.

Реклама

Понатаму во Програмата 2025-2029 се предвидени активности и со државен и меѓународен карактер.

-Организирање на спортски активности – државни и меѓународни, организирање на разни културни манифестации, исто така државни и меѓународни, поддршка на здружението на школските спортови, како и институционализација на младинскиот центар со понатамошна поддршка на истите се со цел  сите овие програми да можат да придонесат за нашата младина да биде двигател на нашите општествени движења во Тетово, истакна Касами.