Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Карбинските земјоделци и сточари на средба со директорката на Платежната агенција

Земјоделците и сточарите од Општина Карбинци денеска имаа средба со директорката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците и сточарите од Општина Карбинци денеска имаа средба со директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова-Лазарова. Таа појасни дека пред две недели како Агенција почнале со кампања „Прашај ја Агенцијата“, со цел да ги објаснат новите мерки кои се предвидени во Програмите кои ги донесе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и како што рече вториот дел од средбите е да одговорат лично на земјоделците и сточарите на прашањата, кои ги имаат кон Платежната агенција.

Иротова-Лазарова истакна дека сите сточари кои го исполниле условот, ги добиле субвенциите, односно средствата за претходните години. За 2025 година  се уште се обработуваат, по што податоците ќе ги достават до Министерствотот за финансии. 

-Се обидувам да направам една динамика на исплата на редовно сервисирање на обврските, иако морам да признаам дека ние бевме затекнати со обврски, кои што не беа исплатени 2023, 2024 и 2025 цела програма не е исплатена. Се обидуваме во рамки на можностите на буџетот кои што го имаме да ги исплатиме сите пред се заостанати обврски, со тоа што сега за сега само еден месец, 30 дена кои што во овој период исплативме 1 милијарда и 400 000 денари заостанати обврски и во трезор имаме доставено уште 540 милиони денари, кои што може и дел од нив можат да се исплатат до крајот на месецот- рече Иротва-Лазарова. 

Реклама

Таа додаде дека продолжуваат со динамиката како што ги исплатиле овоштарите и градинарите за Свети Трифун. 

-Во преговори сме со висината на средствата кои што ги имаме да исплатиме мерки, кои што претежно биле засегнати и немаат со години земано субвенции, таква група се сточарите, кои што беа во 2024-та со мерката- истакна Иротова-Лазарова.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов изјави дека денешната средба е исклучително важна, за да се разговара отворено со земјоделците и сточарите. Тој очекува институциите преку различни мерки да придонесат за подобри услуги за земјоделците и сточарите. 

Во координација со државните институции Општината останува на располагање во интерес на земјоделците, се што е во нивни можности за постигнување подобри резултати. Пред сточарите од карбинскиот регион, од Платежната агенција беа презентирани новите измени во Програмата за директни плаќања, со кои како што беше посочено, треба да се стимулира домашното производство на храна. Во иднина ќе се следат европските трендови, односно субвенциите да се насочат кон реалното производство, наместо да се доделуваат само врз основ на обработливи површини, бидејќи досегашната пракса покажала дека токму во овој сегмент се прават и најголемите злоупотреби.