Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Караванот „До вас, за вас“ на МВР утре во Охрид

Во Охрид утре ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Охрид утре ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“ која има превентивен карактер и претставува форма за приближување на полицијата до граѓаните и е во рамките на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“.

Спроведувањето на предвидените активности, ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната протипожарна еднница од Охрид.

На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, за посетителите ќе бидат изложени дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.

Реклама

Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал и сл. Кампањата е од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните ќе можат да ги следат и да учествуваат од 18.30 часот на градското пристаниште и градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид.