Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Македонија

Канзуров: Кандидатот на СДСМ во Аеродром – Александар Трајановски е новата маска на старите, поразени политики

Сега, наместо да понудат искрен пресврт и самокритичност, тие повторно се обидуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сега, наместо да понудат искрен пресврт и самокритичност, тие повторно се обидуваат да го префарбаат старото лице – овојпат преку Александар Трајановски.

Ни го нудат како „свежо лице“, а зад него стојат истите луѓе кои ја закопаа Македонија во корупција, урбан хаос и национално понижување: Зоран Заев, архитектот на сите отстапки, промашени политики и длабока политичка демотивација на народот и неговата продолжена рака, Венко Филипче – симболите на распаднатиот режим на СДСМ.

Александар веќе еднаш излезе пред народот – како носител на советничка листа – и беше поразен, катастрофално поразен од граѓаните на Аеродром. А кога ја доби и таа мала поддршка да стане член на советот, се повлече од советот за друга „функција“ и ги извиси сите оние што гласаа за него, покажувајќи колку му е небитен Аеродром, а колку му се побитни другите лични функции.

Реклама

И сега, повторно ни го нудат, како да сме заборавиле кого го претставува.

Нас не ни треба претставник на Заевизмот во нова амбалажа. Ни треба човек што знае што значи локална работа, одговорност и отчетност – а не неуспешен партиски проект, спакуван за нова измама.

Граѓаните на Аеродром знаат да препознаат обид за рецидив од минатото, препакуван во наводна свежина. Аеродром има паметење. И ќе покаже уште еднаш: Нема враќање назад, во времето на Заев, Венко и нивните продолжени раце.