Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Коцев најавува топ пет проекти што Зрновци ќе ја претворат во економски моќна општина

Со комплетно нова листа за советници, кандидатот за градоначалник на Општина Зрновци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со комплетно нова листа за советници, кандидатот за градоначалник на Општина Зрновци од ВМРО – ДПМНЕ, Борчо Коцев пред медиумите ја претстави новата програма, стратегијата и визијата за развој на трите населени места во Општината.

Во програмата е опфатена модерна инфраструктура поделена во три сегменти – агротуризам, урбанизам, култура и спорт.

Според Коцев, модерната патна инфраструктура подразбира урбанистички одржлив развој со разработување на урбанистички јадра во трите населени места во Општината: Зрновци, Мородвис и Видовиште, како и парцелизација на градежното земјиште што ќе овозможи услови за инвестирање од приватниот сектор.

Реклама

–  Оваа програма се разликува од претходните затоа што во неа се предвидени топ 5 проекти, кои ќе овозможат Зрновци да прерасне во економски моќна општина, која истовремено ќе биде ресурсен центар за туризам и здрав живот. Овде би посочил на изработка на комплетна документација од основен до урбанистички проект за изградба на брана (акумулација) на Зрновска Река, изградба на младински еко кампус во Видовиште на местото на старото училиште, изградба на четири бушотини за вода во трите населени места од општината, изградба на индустриска зона во село Мородвис на површина од 60 илјади квадратни метери за преработувачки капацитети, како и, на две локации во село Зрновци,  оформување на  индустриски зони со површин од 110 илјади квадратни метри, најави Борчо Коцев, кандидат за градоначалник на Општина Зрновци предложен од ВМРО – ДПМНЕ.

Програмата што ја најави Коцев ќе биде доставена до секое домаќинство на Општина Зрновци.