Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Кандидатите на СДСM не се реформирани туку рециклирани, Филипче пак покажа дека заевизмот е наративот по кој ја води партијата

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСM повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСM повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново.

Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица?

Реклама

Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДСM овие ликови би биле нереформирани.

Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДСM. Кандидатите кои СДСM ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата.

Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДСM во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед.

Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност.

За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДСM како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели.

СДСM само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија.

А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДСM не се реформира туку се рециклира.

Со вакви луѓе, СДСM не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз.

Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДСM, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи.“