Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Камбовски за судијата Ристов: Судскиот совет постапи по барањето, да дозволиме сега истрагата да утврди тоа што е потребно

Судскиот совет постапи по барањето на Основниот кривичен суд, и да дозволиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет постапи по барањето на Основниот кривичен суд, и да дозволиме сега истрагата да утврди тоа што е потребно, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски прашан за став по одземањето на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело откако во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Камбовски, во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Судскиот совет, рече дека не знае точно колку пријави имало против судијата Ѓоко Ристов, но дека пријави од негови колеги од Апелација во Судскиот совет досега немало.

-Видете, во Судскиот совет има безброј претставки. Од прва, јас не се сеќавам конкретно дека имало претставка за земање мито или нешто слично. Еден пример, колку што се сеќавам, се водеше за негово неизземање во предмет, а требало да биде изземен. А вакви конкретни … сега не можам да се сетам. Како што ви кажав, ќе ви одговориме официјално, не сакам да испадне дека имало некоја претставка, а јас во моментов да не се сеќавам и да ви дадам неточна информација, кажа Камбовски.

Реклама

Прашан дали „имало пријави од судии, колеги од Апелација, конкретно за колегата Ѓоко Ристов“, Камбоски вели не.

-Не, не. Во однос на тоа што биле другите пријави – од негови колеги, од Апелација – досега немало пријава во Судскиот совет. Имало можеби претставки, имало анонимни претставки, меѓутоа од колеги, од колеги-судии – не, изјави Камбовски.

Прашан за утрешниот избор на член на Судскиот совет од редот на судиите и „дали еден од кандидатите за ова место, Хасан Асани, имал некаква дисциплинска постапка во Судскиот совет“, Камбовски рече дека не може да каже, оти, вели, годишно имаат околу 600 дои 700 претставки за судии.

-Не можам вака сега повторно да ви кажам, затоа што има многу. Ние годишно имаме околу 600, можеби 700 претставки за судии, така што можно е да имало и за него. Ако имате предвид дека сега имаме околу 400 судии , зависно од годината – значи можно е да имало, изјави Камбовски.

Според Камбовски, досега немало случај да се јави колега на оглас што е дисциплински казнет.

-По мене, немаме таков случај. Обично сите кандидати се со примерно однесување, немаат забелешки од Судскиот совет, посочи Камбовски.

Тој посака на утрешните непосредни избори да победи најдобриот од петте кандидати, откако еден од шесте првично пријавени ја повлекол кандидатурата.

-Се надевам дека сè ќе помине во најдобар ред. Судиите ќе излезат, ќе си го дадат својот глас. Се гласа на територија на цела држава и му посакувам среќа и да победи најдобриот – тој што колегите сметаат дека е најдобар и најсоодветен за да ги претставува.