Од партија со голем број поддржувачи и членови, до партија која има помал рејтинг и од ДУИ – како СДСМ дојде до историски најнискиот рејтинг, иако 7 години владеат во Македонија?
Купишта скандали, договори во четри очи, промена на име, отворање на Устав, неказнивост на криминалци, афери со давање пасоши на нарко босови, неконзистента политика, неадекватни политичари, вака накратко беше одговорот на дел од аналитичарите, кога ги прашавме зошто популарноста на СДСМ е во слободен пад.
Универзитетскиот професор Владимир Божиновски за Алфа вели дека социјал-демократите го допреле дното, барем според нивната популарност кај граѓаните- вакво нешто прв пат им се случува откако постои партијата, толку низок рејтиг ем на паријата ем на нивниот лидер.

Они имаат сега во моментов, мислам најнизок рејтинг откако е формирана таа партија. Како дојде до ова, па едноставно кога ќе дојдеш на власт и после ќе работиш сосема спротивно од тоа што си го ветил, ќе ја изгубиш поддршката. Дополнително се случија повеќе работи за кои самите гласачи на СДСМ беа сериозно разочарани и престанаа да им ја даваат поддршката. Они ја губат поддшката и од она што се вика core, односно основно гласачко тело, на пример СДСМ 2008 година во најголемиот налет на ВМРО-ДПМНЕ, успеа да освои 230 000 гласови, како опозициска партија, они сега како власт може да го сонуваат тој изборен резултат, изјави Божиновски.
Практикувањето на неказнивост и туркање на проблемите под тепих, без речиси и никаков исход донесе партиајта на Ковачевски во владата се однесува како помал коалционен партнер, а не носител на власта. Божиновски вели, СДСМ ја губи поддршката заради неконзистентноста на ветувањата, дури и работење спротивно на она што е ветено. Друг фактор е што за да се задржат макар ден плус на власт, сменија разни коалциони парнери. Но најочигледно е дека гласачите се разочарани од тоа што никој за ништо во државава не одговара.
Изневерени очекувања, корупција, не сакам да одам случај по случај, толку многу случаи се каде ќе ни треба подолго време да ги наброиме. Онкологија е само еден дел, пожарот во тетовската болница, Беса транс, безброј има такви примери и секоја недела ние имаме некаков нов скандал, изјави Божиновски.
Според Кржаловски од МЦМС, корупцијата е она што го потонало СДСМ, како и огромото задолжување.
Задолжувањето се зголеми, повеќе за овие 5-6 години, отколку за 11 во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше една од главните критики на СДСМ кон ВМРО, презадолженоста, а сега сме дупло позадолжени од колку што бевме на крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Елитите на власт ги злоупотребуваат ги злоупотребуваат функциите за лична корист и богатење, изјави Кржалоски.
Губење на поддршката имале и заради договорите со соседите, особено оној со Бугарија, со кој македонската влада на своја рака реши да даде дозвола да се прифати францускиот предлог.
Оваа влада презема на себе обврска за која не обезбеди консензус, кога се предложи тој француски предлог не се искористи времето тогаш, се сведе на две недели дискусии и не се постигна национален консензус, а за вакво прашање мораше да се направи, пред да се прифати обврската. Кога веќе се прифати, по мене требапе брзо да се реализира тоа, да се стави веднаш во парламент, а не еве уште не е ни гласан почетокот на постапката, а камо ли крајот, помина година ипол, ако веќе не можете да изведете, требаше тогаш да се проба да се види, ако не оди да се оди на избори. До сега ќе имавме вече година дена друга влада, изјави Кржалоски.
Моменталниот рејтинг на СДСМ е 5,6 проценти, а на Ковачевски 4,2.
Они имаат сега во моментов, мислам најнизок рејтинг откако е формирана таа партија. Како дојде до ова, па едноставно кога ќе дојдеш на власт и после ќе работиш сосема спротивно од тоа што си го ветил, ќе ја изгубиш поддршката. Дополнително се случија повеќе работи за кои самите гласачи на СДСМ беа сериозно разочарани и престанаа да им ја даваат поддршката. Они ја губат поддшката и од она што се вика core, односно основно гласачко тело, на пример СДСМ 2008 година во најголемиот налет на ВМРО-ДПМНЕ, успеа да освои 230 000 гласови, како опозициска партија, они сега како власт може да го сонуваат тој изборен резултат.
Првиот фактор беше неконзистентноста на ветувањата, дури и рабитење спротивно на она што е ветено итн. Вториот фактор, е они во обид да останат што подогло на власт, правеа некои предизборни, постизборни калкулации кои што ги чинеа многу од полиитчкиот капитал кој што им беше останат и затоа се сега на ова дереџе.
Изневерени очекувања, корупција, не сакам да одам случај по случај, толку многу случаи се каде ќе ни треба подолго време да ги наброиме. Онкологија е само еден дел, пожарот во тетовската болница, Беса транс, безброј има такви примери и секоја недела ние имаме некаков нов скандал.
Корупцијата, во нашите две последни истражувања е на прво место,никогаш не беше на прво, сега е, значи до таму е доведена ситуацијата. Како што ја нарече амбасадорката, таа е епидемиска, тоа направи дополнително да има пад на довербата на сите институции, особено на Владата. Правосудството кое треба да се занимава со тоа, очгиледно нема доволно резултати, не само што нема туку корупцијата продложува да цвета и да станува главен проблем.
Она што се направи во последните месеци со измените на КЗ, со иницијативата за амнестија, застарување на случаите, и особено ова што го констатира ЕУ во својот извештај за злоупотреба на европското знаменце.
Задолжувањето се зголеми, повеќе за овие 5-6 години, отколку за 11 во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше една од главните критики на СДСМ кон ВМРО, презадолженоста, а сега сме дупло позадолжени од колку што бевме на крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Елитите на власт ги злоупотребуваат ги злоупотребуваат функциите за лична корист и богатење.
Оваа влада презема на себе обврска за која не обезбеди консензус, кога се предложи тој француски предлог не се искористи времето тогаш, се сведе на две недели дискусии и не се постигна национален консензус, а за вакво прашање мораше да се направи, пред да се прифати обврската. Кога веќе се прифати, по мене требапе брзо да се реализира тоа, да се стави веднаш во парламент, а не еве уште не е ни гласан почетокот на постапката, а камо ли крајот, помина година ипол, ако веќе не можете да изведете, требаше тогаш да се проба да се види, ако не оди да се оди на избори. До сега ќе имавме вече година дена друга влада.
Мери Симоновска
