Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Kадровски промени во образовните институции во Дебар 

Во општина Дебар почнаа кадровските промени во образовните институции кои, според градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Дебар почнаа кадровските промени во образовните институции кои, според градоначалникот Фисник Меља, треба да завршат следната недела.

Нов директор на гимназијата „28 Ноември“ е Аргетим Трепча, долгогодишен професор по математика во оваа образовна институција. Тој доаѓа на местото на Рамадан Имери. Претходно нов дирекор доби Општинското основно училиште „Ристе Ристевски“ во Долно Косоврасти – Арменд Незири,  на местото на Шанија Ајроски, кој заминува во пензија.

-Смената на директорите ќе продолжи. Во понеделник тоа ќе биде во ООУ „Пенестија“, најголемата деветолетка во поширокиот регион, а потоа и во ООУ „Саит Најдени“. Сакаме да донесеме нова енергија, доволно беше еден директор да биде на таа функција 10 до 15 години, иако постигнувал позитивни резултати, рече Меља.

Реклама

Негов став е дека на младите, образовани и способни кадри, треба да им се даде можност да се докажат во работата.

Пример за тоа е претходно назначениот директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, Нертил Османи кој, посочи градоначалникот, презеде иницијатва и комуналците го светнаа градот, отстранувајќи ги депониите кои го нагрдуваа особено централното градско подрачје.

Промени ќе има и во општинската администрација, како дел од процесот на консолидација на локалната самоуправа, која „мора да биде во служба на граѓаните во вистинска смисла на зборот“.