Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Каде завршија 21,5 милиони евра за т.н. образовната реформа? Учениците во прво полугодие останаа без учебници

Надворешни тела да направат ревизија во министерството за образовние и сите други…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надворешни тела да направат ревизија во министерството за образовние и сите други надлежни институции кои ги оставија учениците уште една година без потребните учебници по сите предмети.И во првото полугодие од оваа учебна година,на децата очи им истекоа снаоѓајќи се како да дојдат до материјата која треба да ја совладаат-реагираат од граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има”

  • “Во нормална држава ќе си поднесеа оставка и ќе ја оставеа работата да ја работи некој друг кој што знае да ја работи.Себично е да ја уживаме фотељата во моменти кога децата страдаат,могу е себично, нечовечки.Навистина не знам како би се случило нешто да се исправи освен ако се обидеме по допрен глас да стигне до некоја од надворешните институции да видиме што се случи со помошта која што ја добија од 21,5 милион евра за образовна реформа која што е катастрофална” -вели Драгана Спасевска “од граѓанската иницијатива“ Учебници и настава мора да има.”

Три години за недостатокот од книги реагира стручната фела, поднесуваме претставки,се ангажираше и народниот правобранител. Се направи истражување во училиштата низ цела Македонија-вели Спасеска. Тврди дека во моментот кога се спровело истражувањето,имале допис од преку 80 училишта каде што недоставувале учебници,а имаше и такви вели во кои што немаше учебници по ниту еден предмет.Ресорниот министер, демантира.Од прво до трето одделение немало недостаток од книги, од четврто до крај на основно образование фалеле книги, ама не по нивна вина.

  • “Заради некои ситуации каде што во одредени училишта доставуваат бројка пример 20,100,150 таа бројка ја доставува министерството, истовремено во текот на учебната година има ситуации каде што некој деца го имаат узгубено или се пријавуваат,но има и недостаток системски кој доаѓа подолг период.За да се заврши тоа целосно вие едно треба да знаете дека за старата реформа за тоа што се работеше по Кембриџ од 7 до 9 одделение и да се обезбедат учебници, тие ќе се употребуваат само за една година”- вели министерот Јетон Шаќири.

Шакири вината ја лоцира во училиштата кои не доставувале навремено податоци за тоа колку книги им требаат,тврди дека оваа година доставиле повеќе од милион и 600.000 учебници за основно и средно образование.

Реклама

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски