Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Јовевски за Алфа:Корупцијата ја урива државата

Македонија како држава се руши и тоа од внатре. Кога наместо владеење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија како држава се руши и тоа од внатре. Кога наместо владеење на правото имаме владеење на парите, интересите и моќта, тоа е рушење на демократијата и државата и воспоставување на тоталитаристичко општество, алармира професорорт Лазар Јовевски.

-Корупцијата е основен проблем кај нас, пошироко и подалеку гледано е тоа дека ние одиме по една многу стрмна удолница, кон рушење на целиот демократски концепт, рушење на правниот систем а со тоа и рушење на целата држава. До току е сериозна работава.Мораме во овој дел да бидеме многу ригорозни и да превземеме конкретни чекори и тоа мора да се слуичи веднаш по изборите – вели Јовевски.

Како што е корупцијата за општеството, непотизмот го има истиот ефект во делот на трудот и работните односи. И на овој начин, според Јовевевски се руши системот а со тоа и државата.

Реклама

-Ако сакаш да си го уништиш бизнисот вработувај луѓе кои се непрофесионални, исто ви е и со државата. Ако вие во јавниот сектор вработувате некомпетентни луѓе на погрешни места без одредени знаења, без одредени вештини, иксуства и определени критериуми. Повторно го рушите системот но овој пат е многу посериозна работатаатоа што во првиот случај ако е бизнис пропаѓа една фирма, а тиука ви пропаѓа целата држава потенцира тој.

Последниот извештај за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, ја рангира Македонија во друштво со Тринидад и Тобаго.  Од 180 држави, Македонија иам 42 поени од можни 100, на листата до неа се и Унгарија, Молдавија, Куба и Буркина Фасо. 

Анастасија Илиевска