Реклама

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Македонија

Јордан Симонов – нов уметнички директор на Македонскиот народен театар

– Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денеска го назначи актерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денеска го назначи актерот првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.

– Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која почнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско, назначувањето претставува природен и значаен чекор напред како за него како актер така и за развојот и идните цели на институцијата – стои во соопштението од МНТ.

Неговото долгогодишно искуство и работата во разни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл, се посочува, претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците.

Реклама

Јордан Симонов е актер што има добиено голем број индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, тоа е резултат на неговата долгогодишна работа во претставите: Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица; Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар; Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар, Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар; Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар; Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар; Павле (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;(12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;Спиро (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;Доктор Макаров (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар; (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), режисер: Дејан Пројковски, драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар;(Као какао, 2026), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, копродукција: Македонски народен театар и Баги продукција и многу други.

Симонов пред назначувањето за уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.