Реклама

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

ЈО селективно, идентичен случај различен третман, за аудито на Филипче од 130 000 евра повластен третман, за автомобилите на Мирчевски кривичен прогон

ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Сопственикот на Зобек Мининг фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите самиот потврдува дека тој го зема џипот на лизинг и подоцна му го дава на Филипче, а и денес е во негова сопственост. Сомнежи постојат бидејќи фирмата Зобек Мининг добивала државни тендери од ЕСМ за набавка за јаглен во милионски износи. Идентичен е случајот со Пеце Мирчевски директор на СОЗР во време на СДСМ за кого ЈО отвори постапка и го гони, бидејќи фирма добитник на државни тендери му дала две возила. Идентичен случај различен третман од ЈО.

Со што ги уценува Филипче што ЈО не постапува? Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, за Филипче нема постапка. Jавноста со право сака да знае зошто нема брз, навремен и ефикасен институционален одговор. Дали Филипче има повластен трертман само затоа што е функционер и претседател на СДСМ?

Реклама

Јавноста очекува превземање чекори и активност како и поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата и случаи на кривични дела сторени од високи функционери. ЈО да не ги става работите „под тепих“ особено бидејќи е потребно целосно чистење на криминалот и корупцијата, бидејќи недовербата што постои во судските органи не дозволува половични решенија. Граѓаните очекуваат правда и владеење на правото, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО да отвори постапка за Венко Филипче, додаваат од владејачката партија.