Реклама

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

Македонија

Јавоста „вриe“ – ЕХФ информира дека финалето „Алкалоид-АЕК“ е одложено од безбедносни причини

Спортската, но и пошироката јавност, е во шок, а социјалните мрежи се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортската, но и пошироката јавност, е во шок, а социјалните мрежи се преплавени со негативни реакции за вчерашното одложување на натпреварот на „ЕХФ“ – Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК. Европската ракометна федерација, вчера вечер се огласи по неодигрувањето на реваншот од финалето на Европскиот куп. ЕХФ во своето кусо соопштение порачa: „Финалето на Европскиот куп помеѓу Алкалоид и АЕК во Скопје е откажано поради безбедносни причини“. Ова е, најблаго речено, некоректно од страна на ЕХФ, со оглед на одличната организација на натпреварот. Управата на Алкалоид се погрижи до најситни детали да бидат запазени сите протоколи за натпревар на ова ниво. За одличната организација потврди и делегатот на мечот, кој им оддал признание на домаќините за напорите кои ги направиле. Според претставникот на Алкалоид – Зоран Цветановски, уште од утринскиот технички состанок постоеле јасни сигнали дека може да настане проблем поради бројот на дозволени грчки навивачи – ограничени на 200 луѓе, поради безбедносни проценки и одлука на МВР. Дел од навивачите на АЕК сепак допатувале во Скопје без да имаат билети и поставиле ултиматум до сопствениот клуб. АЕК не го одигра натпреварот поради заканите од сопствените навивачи кои на грчките ракометари им порачале да не се враќаат во Атина ако истрчаат на теренот во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Главниот поддржувач и визионер зад проектот – ракометен клуб Алкалоид, Живко Мукаетов, се огласи на својот „Инстаграм“ профил по вчерашниот инцидент:
– „Огромно благодарам, од срце, на сите кои дојдовте во спортскиот центар „Борис Трајковски“ да го бодрите Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, и клубот, и прекрасната публика. Ова требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, порача Мукаетов.