Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Јаревски: 4 клучни закони кои се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, го поминаа првиот собраниски филтер

Создаваме институции кои служат на народот. Државни органи кои ќе ја штедат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Создаваме институции кои служат на народот. Државни органи кои ќе ја штедат најскапата валута на денешницата – времето на граѓаните, изјави Тони Јаревски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Го стеснуваме просторот за корупција, а го зголемуваме пристапот до услуги и создаваме систем што не зависи од расположението на шалтерот, туку од квалитетот на технологијата.
Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, го поминаа првиот собраниски филтер.

Законот за електронски комуникации, Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, Законот за архивски материјал, како и Законот за електронски документи и електронска идентификација.

Реклама

Со ова, Собранието даде зелено светло за владата да ја направи најтемелната трансформација на односите, односно начинот на кој комуницираат граѓаните и државните органи.
Со овие реформи, граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи кои ќе имаат правна важност еднаква како оние издадени на шалтер, документи кои ќе содржат QR-код како безбедносен елемент и доказ за автентичност.

Се воспоставува и целосен инспекциски надзор над дигиталните услуги, со јасно утврдени 22 задолженија на инспекторите кои ќе дејствуваат под капата на новото Министерство за дигитализација односно за дигитална трансформација. Предвидените глоби за институциите што нема да ги прифатат дигиталните документи се јасен сигнал дека дигиталната реформа не е опција, туку обврска.

Поради важноста на овие реформи, да бидат спроведени на квалитетен и транспарентен начин, на следната седница на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација ќе договориме и јавна расправа за овие закони. Се со цел, во овој сериозен државен зафат да ја вклучиме експертската и стручната јавност, како и да ги интегрираме нивните предлози и сугестии“, потенцира Јаревски.

Јаревски додаде дека, ВМРО-ДПМНЕ ја создава инфраструктурата на иднината, а со тоа забрзано ја движиме државата кон модернизација и зголемена доверба во институциите. Ова не се ветувања. Ова е новата реалност. Ова е новото лице на јавната услуга: ефикасна, сигурна и достапна.