Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДСМ пак се обидува да произведе политички конструкции, само со неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата не се премолчува и толерира

Нема ситуација во која СДСМ нема да се обиде да измисли, конструира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема ситуација во која СДСМ нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста. Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции.

И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден.

Реклама

Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДСМ повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои.

Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината.

Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција.

А СДСМ, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши.