Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се хранат учениците во Македонија.

– Утврдивме неправилности, па поради тоа ќе произлезат препораки кои училиштата ќе ги добијат за децата здраво да се хранат. Јас разбирам дека дечињата повеќе можеби сакаат чипсови, смоки, бисквити, но еве им препорачувам и од овде на сите присутни дека една круша, едно јаболко, една банана се подеднакво здрава исхрана, но за тоа ќе треба да водат сметка и училиштата и општината за да им овозможат такво нешто- рече Јаневска. 

Прашана и дека училиштето „Димитар Влахов во Штип, каде се пушти во употреба реконструираната спортска сала, е и прво училиште во Општината кое заедно со родителите донесеа одлука за забрана на мобилни телефони, министерката Јаневска вели дека многу училишта во Македонија веќе ја забрануваат употребата на телефоните- всушност не употребуваат телефони.

Реклама

-И во многу училишта пред час телефоните се ставаат на страна и тоа сметам дека е во ред, затоа што вниманието на децата треба да биде посветено на учењето, на наставникот, на книгата пред нив. Постои исклучок – ние многу опрема набавивме, и паметни табли, и таблети, и компјутери, и лаптопи, и поставуваме мрежа за безжичен интернет со забрана за недозволени сајтови, но може да има исклучок, каде што во одредени средини децата ќе треба да ги употребат телефоните за да сработат некоја наставна тема. Но, тоа треба да биде строго контролирано од наставникот и после тоа тие да ги вратат таму каде што нема да им бидат достапни, рече Јаневска по пуштањето на употребата на спортската сала во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип. 

Директорот на ООУ „Димитар Влахов“-Штип, Дејан Здравков вели дека ефектите од заедничката одлука со родителите за некористење на мобилните телефони и да не се внесува нездрава храна се гледаат веќе во меѓусебната комуникација на учениците. 

-Ефектите од забраната на нездрава храна и телефони се премногу позитивни, супер значи. Добиваме повратни информации и од родителите, и од наставниците, и од самите деца. Подобрена е комуникацијата, физичката комуникација. Не одат веќе со наведени глави по ходниците и по училишниот двор.​Тоа беше договорено во согласност на Советот на родители. Преку текот на летниот распуст имавме повеќе состаноци и заедно го договоривме. ​Истото се однесува и за здравата храна. Забранивме некои чипсови, грицки, обоени нездрави сокови и така натаму, енергетски пијалоци. Истото беше договорено со Советот на родители во соработка со локална пекара. Значи тие самите си одбраа мени со што ќе се хранат нивните деца- изјави Здравков.

​Тој посочи дека  во оброкот за учениците спаѓаат по две-три работи и во три дена од неделата е застапено сезонското овошје. Во зависност од сезоната, такво овошје им се дава. 

-Плус дали е сокче, дали е јогурт или некоја кифла, ѓеврек, значи некое друго пециво.​ Значи менито си го избраа самите родители, Советот на родители- рече Здравков.